Историска реконструкција во Хром: Улицата „Воин Драшкоци“ добива нов коловоз, пешачки патеки и атмосферска канализација
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 21 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека започна голема и темелна реконструкција на улицата „Воин Драшкоци“ во населбата Хром, со што овој дел од општината по неколку децении добива современа и комплетно уредена инфраструктура.
Проектот опфаќа изградба на нови пешачки патеки на површина од 3.100 квадратни метри, нов асфалтен коловоз на површина од 7.200 квадратни метри, како и поставување на 950 метри нова атмосферска канализација која трајно ќе ги реши проблемите со одводнувањето.
Стојкоски нагласи дека не се прават привремени решенија, туку се инвестира во квалитетни и долгорочни стандарди кои го менуваат ликот на населбата и го подобруваат секојдневниот живот на жителите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













