Нов асфалт по децении чекање: Завршено уредувањето на улица „33“ во Волково

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека целосно е завршено асфалтирањето на улица „33“ заедно со нејзините краци во најстарото јадро на населбата Волково.

 

Со овие градежни зафати, жителите на овој дел од населбата за првпат по неколку децении добиваат современ, безбеден и пристоен пристап до своите домови.

 

Градоначалникот нагласи дека се работи за реализација на ветеното и рамномерен развој на сите населени места во општина Ѓорче Петров.

 

Локалната самоуправа најавува продолжување на инфраструктурните активности и теренските работи со исто темпо, со цел подобрување на условите за живот во секое маало и секоја улица низ целата општина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.