Општина Ѓорче Петров и Франција ќе ја продлабочуваат соработката во образованието и културата
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 17 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер, на која се разговараше за можностите за унапредување на соработката меѓу општината и Франција.
Во фокусот на разговорите биле заеднички образовни и културни проекти, како и активности насочени кон промоција на францускиот јазик, француската култура и вредностите на Франкофонијата во основните училишта во општината.
Стојкоски истакнал дека целта е младите да добијат можност да се запознаат со нови јазици и култури, да ги прошират своите знаења и да се развиваат во духот на европските вредности, пријателството и меѓусебното почитување.
Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека ќе продолжат да градат партнерства кои ќе отвораат нови можности за учениците и за локалната заедница.
Фото извор: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr?locale=mk_MK
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













