Започна изградбата на нов канализациски крак на улицата „37“ во Ѓорче Петров
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 16 Јули 2026
Општина Ѓорче Петров започна со реализација на проект за проширување на канализациската мрежа на улицата „37“, со што, како што информира градоначалникот Александар Стојкоски, се решава еден од долгогодишните проблеми на жителите од оваа локација.
Со изградбата на новиот канализациски крак се создаваат услови по завршувањето на инфраструктурните работи улицата да биде целосно уредена и да добие нов асфалтен слој.
Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека проектите на терен продолжуваат со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и рамномерен развој на сите населени места.
Градоначалникот Стојкоски порача дека локалната самоуправа продолжува со решавање на проблемите што со години ги засегаат жителите, нагласувајќи дека ниту една улица и населба нема да останат заборавени.
Фото извор: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













