Стојкоски: Првпат канализација за жителите на улица „Алексо Демниевски 10“ во Ѓорче Петров

Општината започна со поставување на нова канализациона мрежа на улица „Алексо Демниевски 10“, проект со кој конечно се решава децениски проблем за семејствата кои живеат во овој дел од општината.

 

Градоначалникот Стојкоски потенцираше дека оваа интервенција е дел од континуираните напори за рамномерен развој на Ѓорче Петров.

 

Потсетувајќи на минатогодишната цесна реконструкција на улиците во „Диво Маало“, тој истакна дека општинската стратегија е насочена кон реализација на конкретни проекти кои го подобруваат секојдневието на граѓаните.

 

„Ѓорче го градиме рамномерно, со работа и конкретни резултати. Нема заборавени населби и граѓани“, заклучи Стојкоски, најавувајќи дека општината и во иднина ќе продолжи со инвестиции во комуналната инфраструктура како еден од клучните приоритети за подобар живот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.