Општина Ѓорче Петров ќе доделува по 10.000 денари годишна поддршка за ученици со попреченост

Општина Ѓорче Петров воведува еднократна годишна финансиска поддршка од 10.000 денари за секој ученик со попреченост, со цел да им помогне на семејствата полесно да ги покријат трошоците поврзани со образованието и секојдневниот развој на децата.

 

Мерката ќе важи за учениците со попреченост кои ги исполнуваат условите согласно класификацијата МКФ и мислењето на ЗМЗ, а поддршката ќе може да се користи во текот на целото нивно образование.

 

Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека целта е да се обезбедат еднакви можности за сите ученици и да се создадат подобри услови за нивно образование, развој и активно учество во заедницата.

 

Според него, инклузијата треба да се потврдува преку конкретни мерки и политики, а не само преку декларативни заложби.

 

Тој порача дека Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да спроведува мерки насочени кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и создавање општество со еднакви шанси за сите.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.