Во Хром почна доградбата на училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“, трето училиште со проширување за еден месец

Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование Весна Јаневска, денеска беше поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, во Општина Ѓорче Петров.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека со проектот ќе бидат изградени осум нови училници и дополнителни 770 квадратни метри училишен простор, со што ќе се создадат услови за воведување едносменска настава и подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.

Според Стојкоски, ова е трето училиште во општината кое добива доградба во последниот месец, што, како што посочи, е резултат на континуирана работа и инвестиции во образовната инфраструктура.

„Инвестираме таму каде што најмногу вреди – во децата, во образованието и во иднината на Ѓорче Петров. Продолжуваме со силно темпо, со конкретни проекти и резултати за секое населено место“, истакна Стојкоски.

Со реализацијата на проектот се очекува значително подобрување на просторните услови во училиштето и создавање современа и поквалитетна средина за воспитно-образовниот процес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.