Делови од Ѓорче Петров денеска без вода поради водоводен приклучок
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 01 Јуни 2026
Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека денеска (1 јуни) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Општина Ѓорче Петров поради изведување на водоводен приклучок.
Како што се наведува во известувањето, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 200 милиметри на улицата „Воин Драшковиќ“ бр. 1б, без вода ќе останат корисниците од улиците „Воин Драшковиќ“ и „Браќа Галеви“.
Прекинот ќе започне во 08:00 часот и ќе трае сѐ до завршување на работните активности.
Од претпријатието апелираат до граѓаните навреме да ги обезбедат потребните количини вода за своите потреби до нормализирање на водоснабдувањето.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













