Стојкоски: Во Волково се поставува нова канализациона мрежа во должина од 500 метри
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 23 Мај 2026
Александар Стојкоски информираше дека во населбата Волково започнала реализација на проект за поставување нова канализациона мрежа на улицата 31 во должина од 500 метри.
Според него, проектот претставува важен чекор за создавање услови за идно асфалтирање на улицата и подобрување на сообраќајната поврзаност кон обиколницата.
„Продолжуваме посветено, на терен, со работа што носи реални решенија за граѓаните“, објави Стојкоски, додавајќи дека станува збор за инвестиција во трајна инфраструктура и подобра поврзаност.
Тој порача дека Ѓорче Петров продолжува да се развива со секојдневни инфраструктурни активности.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













