Отворен нов центар за децата со аутизам во Ѓорче Петров, Сиљановска-Давкова повика на целосна инклузија

Во општина Ѓорче Петров денеска свечено беше отворен Центарот за дневен престој и индивидуален третман „Во мојот свет“, нов простор наменет за грижа, поддршка и надеж на децата и младите со аутизам, како и на нивните семејства.

 

На настанот присуствуваше и претседателот на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, која истакна дека младите со попреченост заслужуваат еднаква шанса за усовршување за да станат рамноправен дел од заедницата.

 

Шефот на државата изрази огромна почит и благодарност за долгогодишната пожртвуваност и посветеност на стручните кадри кои неуморно работат за да им обезбедат пристоен и поквалитетен живот на овие лица.

 

Според неа, преку процесот на социјализација и стекнување на клучни животни вештини, овие млади луѓе ќе станат многу повидливи во јавноста и ќе можат активно да придонесуваат за општествениот развој.

 

Овој нов центар претставува јасен доказ дека со заеднички ангажман, хуманост и силна институционална поддршка може да се изгради систем во кој ниту еден граѓанин нема да биде запоставен или оставен на маргините.

 

Сиљановска-Давкова потенцираше дека инклузијата на лицата со попреченост веќе не смее да биде само пишан збор, туку мора да прерасне во секојдневна пракса, култура на однесување и долгорочна обврска на државата, заклучувајќи дека прифаќањето на нивниот свет е всушност признавање на нашиот заеднички свет.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/siljanovskadavkova





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.