Општина Гази Баба: Наставата во основните училишта секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави нова одлука според која почетокот на секоја нова училишна седмица во основните училишта на територијата на општината ќе започнува со интонирање на химната на Република Македонија.

 

Стефковски истакна дека химната претставува фундаментален симбол на слободата, државноста, историјата и жртвата на минатите генерации кои се бореле за самостојна и независна држава.

 

Тој нагласи дека целта на оваа иницијатива е кај учениците уште од најрана возраст да се гради чувство на припадност, заедништво, достоинство и длабока почит кон националните симболи и татковината.

 

Преку негување на овие вредности во образовниот процес, општината се стреми да ја зацврсти љубовта кон државата и да создаде генерации кои со гордост ќе ги почитуваат македонските обележја. 

 

Фото извор: https://www.facebook.com/StefkovskiB





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.