Во Идризово се гради нова фекална канализација, инвестицијата вредна 49 милиони денари

Во населеното место Идризово започна реализацијата на првата фаза од изградбата на новата фекална канализациска мрежа, проект кој треба да реши долгогодишен инфраструктурен проблем за жителите.

На терен увид во градежните активности извршија градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и премиерот Христијан Мицкоски.

Во рамки на првата фаза ќе бидат изградени 1.478 метри нова канализациска мрежа, како и четири пумпни станици. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 денари, а средствата се обезбедени преку Владата, во рамки на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти.

За изградбата се предвидени двослојни ребрасти полипропиленски цевки тип Б, со дијаметар од 250, 315 и 400 милиметри.

Стефковски информира дека од неговиот избор за градоначалник досега, на територијата на Општина Гази Баба е изградена нова фекална канализациска мрежа во должина од над 36 километри.

Тој посочи дека во општината во тек се и други капитални проекти, меѓу кои изградба на детски градинки, ново училиште и спортски сали, реконструкција и асфалтирање на улици, како и уредување на јавни површини.

Според најавите, активностите на терен ќе продолжат со цел подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот во населените места во Гази Баба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.