Гази Баба со засилени превентивни мерки по зголемениот број случаи на западнонилска треска

Одделението за заштита и спасување реализирало итна терестичка адултицидна дезинсекција на критични и приоритетни точки на територијата на општината, со цел да се намали бројот на комарци и ризикот од понатамошно ширење на болеста.

 

Од Општина Гази Баба информираат дека превентивните активности ќе продолжат и во наредните денови, согласно развојот на состојбата и препораките на надлежните институции.

 

Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните да преземат превентивни мерки во своите домови и дворови, особено да не оставаат садови и површини со застоена вода, бидејќи тие создаваат услови за размножување на комарците.

 

Од општината посочуваат дека состојбата се следи на терен и дека се преземаат дополнителни активности за намалување на ризикот и заштита на здравјето на населението, при што упатуваат порака дека нема простор за паника, но потребни се внимателност и одговорно однесување.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/opstinagazibaba





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.