Меѓународен ден на младите: Градоначалникот Стефковски порача дека влогот во младите е темел за просперитетна иднина на Гази Баба и Македонија
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 12 Август 2026
По повод 12 Август – Меѓународниот ден на младите, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, упати честитка до младата генерација, истакнувајќи ја нивната клучна улога како двигател на општествените промени и енергија која го носи општеството напред.
Стефковски потенцираше дека обврска на локалната самоуправа е да создава стимулативни услови во кои секој млад човек ќе може да учи, да се развива и професионално да напредува, со цел својата иднина да ја гради дома, во својата општина и во Македонија.
Во својата порака, градоначалникот нагласи дека младите мора да бидат активни учесници во креирањето на политиките што ја определуваат нивната иднина, порачувајќи дека општината ќе продолжи интензивно да инвестира во образованието, спортот, културата и подобрувањето на севкупните животни услови.
„Македонија има иднина кога младите имаат иднина во Македонија“, порача Стефковски, охрабрувајќи ги младите да бидат храбри, истрајни во своите соништа и да ја преземат одговорноста како идни лидери на заедницата.
Фото извор: https://www.facebook.com/StefkovskiB
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













