Општина Гази Баба: Уредување на јавните површини и поставување нови павер елементи во Автокоманда

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, изврши увид во теренските активности за градежно уредување на јавните површини во населбата Автокоманда, каде што интензивно се поставуваат нови павер елементи со цел целосно трансформирање и освежување на изгледот на просторот.

 

Како што соопшти првиот човек на општината, во рамките на овие зафати се изградени и нови пристапни патеки кои овозможуваат многу полесно, побезбедно и пофункционално движење за жителите.

 

Со овие зафати се создаваат уредени катчиња наменети за одмор, дружење и секојдневна рекреација, целосно адаптирани на потребите на локалното население.

 

Стефковски нагласи дека овие проекти се директен резултат на слушањето на барањата и потребите на граѓаните, порачувајќи дека локалната самоуправа продолжува со континуирана и посветена работа на терен за создавање поквалитетни услови за живеење во секое маало низ Гази Баба.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/StefkovskiB





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.