Општина Гази Баба: Младите до 35 години ослободени од плаќање комуналии за изградба на сопствен дом
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 11 Август 2026
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше за целосна реализација на една од клучните мерки од изборната програма, со која младите лица до 35 години се целосно ослободени од плаќање комуналии за изградба на сопствена куќа.
Иако првичната замисла била мерката да важи за лица до 29 години, по детални анализи на реалните потреби, старосната граница е зголемена до 35 години со цел да се опфатат што повеќе семејства кои сакаат да го изградат својот прв дом.
Правото на оваа олеснување можат да го остварат жителите на Општина Гази Баба кои имаат најмногу 35 години на денот на поднесувањето на барањето, градат, доградуваат или надградуваат прв дом исклучиво за лични станбени потреби во нивна сопственост, поднесат комплетна техничка документација и достават изјава дека објектот ќе го користат за сопствено домување најмалку десет години.
Како што нагласува градоначалникот Стефковски, оваа мерка претставува директна и конкретна инвестиција во иднината на локалната самоуправа, чија цел е да ги стимулира младите да останат во општината, да се растеретат од значаен финансиски трошок и полесно да го направат еден од најважните чекори во животот – создавањето сопствено семејно огниште.
Фото извор: https://www.facebook.com/StefkovskiB?locale=mk_MK
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













