ЈКП Гази Баба: Секојдневни теренски активности за косење, чистење и уредување на јавните површини

Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“ продолжува со реализација на редовните оперативни активности насочени кон одржување, чистење и уредување на јавните површини низ целата општина.

 

Теренските екипи се секојдневно ангажирани на терен, каде што изведуваат зафати за косење на тревниците, чистење на пешачките зони и одржување на парковите и зеленило.

 

Од претпријатието истакнуваат дека овие секојдневни комунални акции се од клучна важност за создавање почиста, посредена и попријатна животна средина за сите жители.

 

Воедно, се упатува апел до граѓаните за заедничка и повисока еколошка свест, бидејќи грижата за чистотата на јавните простори претставува заедничка одговорност на целата заедница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.