ЈКП „Гази Баба 2007“ го подобрува пристапот до каптажите за посигурно водоснабдување
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 06 Август 2026
ЈКП „Гази Баба 2007“ спроведува активности за трасирање и уредување на пристапен пат до каптажите на изворите од кои со вода за пиење се снабдуваат населените места Булачани, Виниче и Раштак.
Со уредувањето на пристапот ќе се овозможи побрза интервенција на екипите и поефикасно редовно одржување на водоснабдителниот систем, што ќе придонесе за посигурно и непречено снабдување со вода за жителите на овие населени места.
Од јавното претпријатие истакнуваат дека ваквите активности се дел од континуираните инвестиции во инфраструктурата, насочени кон подобрување на квалитетот и ефикасноста на јавните услуги за граѓаните.
Фото извор: https://www.facebook.com/jkp.gazi.baba
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













