Општина Гази Баба: Прекин на сообраќајот на улицата „Перо Наков“ кај Железничката станица Маџари

Општина Гази Баба ја информира јавноста дека на 6 август 2026 година (четврток), во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ќе има целосен прекин на сообраќајот на улицата „Перо Наков“, во делот кај Железничката станица Маџари.

 

Причината за затворањето на овој потег е санација на патниот премин, градежен зафат кој ќе го реализираат екипите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје.

 

Локалната самоуправа апелира до сите учесници во сообраќајот да имаат разбирање, строго да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ги следат насоките дадени од полициските службеници на терен.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/opstinagazibaba





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.