Стефковски: Новата бушотина во Раштак ќе обезбеди постабилно водоснабдување за жителите
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 29 Јули 2026
Во населеното место Раштак започна изградбата на нова бушотина со цел подобрување на водоснабдувањето и обезбедување постабилен пристап до вода за жителите, информира градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Како што посочи, проектот го реализира Јавното комунално претпријатие „Гази Баба“, кое работи на создавање долгорочни решенија за унапредување на комуналната инфраструктура во општината.
Паралелно со изградбата на бушотината, се подготвува и основен проект за зафаќање вода од Раштанска Река.
Според Стефковски, овој проект ќе овозможи обезбедување дополнителни количини вода и ќе придонесе за трајно и одржливо решение на проблемите со водоснабдувањето во Раштак.
Градоначалникот истакна дека Општина Гази Баба продолжува со инвестиции во инфраструктурни проекти кои имаат долгорочно значење за граѓаните, со цел подобрување на условите за живот и создавање посигурни комунални услуги во сите населени места.
Тој нагласи дека преку планирање, координација со институциите и реализација на конкретни проекти, општината продолжува да работи на развој и модернизација на локалната инфраструктура.
Фото извор: https://www.facebook.com/StefkovskiB
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













