Општина Гази Баба обезбедува бесплатни екскурзии за учениците во социјален ризик
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 29 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, најави нова мерка за социјална поддршка со која општина обезбедува бесплатни екскурзии за учениците од социјален ризик.
Целта на иницијативата е финансиската состојба да не биде пречка ниту едно дете да биде изоставено од училишните активности, дружењето и стекнувањето нови спомени.
Стефковски истакна дека екскурзиите претставуваат значаен дел од развојот, новите пријателства и искуствата на младите, нагласувајќи дека општината останува посветена на градење општество со еднакви можности и вистинска грижа за сите семејства на кои помошта им е најпотребна.
Фото извор: https://www.facebook.com/StefkovskiB
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













