Општина Гази Баба: По повеќе од шест децении, учениците од Црешево добиваат нова современа спортска сала
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 28 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, изврши увид во градежните активности за изградба на новата училишна спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во Црешево, проект вреден 34.099.421 денар обезбеден од Владата.
Работите се одвиваат со одлична динамика, а пуштањето во употреба се очекува на почетокот на октомври.
Новиот објект изграден според европски стандарди е наменет за учениците од Црешево, Виниче и Смилковци, а покрај спортскиот терен за кошарка, одбојка и ракомет, опфаќа и современи соблекувални со тушеви, тоалети, простории за наставниот кадар и простор за опрема.
Градоначалникот Стефковски истакна дека ова претставува исправување на долгогодишна неправда и трајна инвестиција во здравјето и иднината на младите.
Фото извор: https://www.facebook.com/StefkovskiB
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













