Завршна фаза на изградбата на ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто: По 61 година учениците добиваат нов и современ училишен дом
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 23 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со претставници на општинските власти и економскиот оператор, изврши увид во градежните работи на новото ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто, констатирајќи дека проектот влегува во својата завршна фаза и се одвива според предвидената динамика.
По цели 61 година, училиштето добива нова зграда изградена според највисоките европски стандарди.
Капиталниот проект е вреден 170 милиони денари, се протега на површина од 3.128 метри квадратни (приземје и еден кат) и содржи 30 современо опремени кабинети со капацитет за 713 ученици.
Објектот е целосно инклузивен, а паралелно се одвива и набавката на нов училишен инвентар, со што се очекува училиштето да ги отвори вратите за учениците уште на почетокот на новата учебна година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













