Општина Гази Баба додели решенија за субвенции: Над 10.000 граѓани досега добиле финансиска поддршка за сончеви колектори и плински уреди во возилата

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, свечено ги додели решенијата за субвенции за набавка на сончеви колектори и за вградување на уреди за течен нафтен гас (ТНГ) во возилата, со што продолжува директната поддршка за домаќинствата со цел намалување на трошоците за енергија и заштита на животната средина.

 

Нагласувајќи ја определбата за зелен развој и почист воздух, Стефковски истакна дека во изминатите години повеќе од 10.000 граѓани искористиле некоја од општинските мерки и добиле финансиски средства.

 

Локалната самоуправа најави продолжување на овие политики и во иднина, преку реализација на нови проекти за зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на животниот стандард.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.