Градоначалникот Стефковски: ЈКП „Гази Баба 2007“ со засилено темпо на терен за почиста и поуредена општина

Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ продолжува со секојдневните интензивни активности насочени кон одржување на јавната хигиена и уредување на зелените површини низ целата општина.

 

Како што информира градоначалникот Бобан Стефковски, екипите се постојано на терен каде реализираат темелно чистење на јавните површини, редовно подигнување на комуналниот отпад, како и уредување и косење на тревните површини.

 

„Чистата животна средина е наша заедничка одговорност. Со максимална посветеност и работа придонесуваме секој дел од општината да биде функционален и пријатен за живеење“, истакна Стефковски.

 

Тој упати јавна благодарност до сите граѓани кои со своето одговорно однесување и совесно чување на јавната чистота директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот во Гази Баба.

 

Од општината порачуваат дека „Гази Баба 2007“ останува вистински сервис на граѓаните и дека активностите ќе продолжат со несмалено темпо и во наредниот период.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/StefkovskiB?locale=mk_MK





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.