„Нешто што ќе остане“ во петок: Музичкиот настан се поместува поради најавеното невреме

Музичкиот хепенинг ќе започне во 20 часот во Паркот на Франкофонија, каде посетителите ги очекува вечер исполнета со музика и забава.

 

На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, додека водител на програмата ќе биде актерот и шоумен Сашко Коцев.

 

Организаторите информираат дека промената се однесува единствено на датумот, додека локацијата, програмата и почетокот на настанот остануваат непроменети.

 

Со настанот ќе биде одбележан јубилејот 50 години Општина Центар, а граѓаните се повикуваат да бидат дел од уште една вечер која, како што порачуваат организаторите, треба да остане запаметена.

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја соопшти промената на терминот и ги покани граѓаните да се приклучат на прославата во петок.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.