Општина Центар бара лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби

Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во основните училишта, во рамки на проектот „Образование за сите“.

 

Целта на проектот е на учениците да им се обезбеди дополнителна поддршка во текот на наставата, полесно учество во училишните активности и поголемо чувство на сигурност и прифатеност во училишната средина.

 

Ангажманот на личните асистенти ќе трае осум месеци, со работно време од 20 часа неделно и месечен нето-надоместок од 18.000 денари.

 

На повикот можат да се пријават лица со соодветно знаење и искуство, но и со мотивираност за работа со деца.

 

Пријавувањето трае пет работни дена, а заинтересираните кандидати документите треба да ги достават во Архивата на Општина Центар, во барака 6.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски посочува дека преку ваквите мерки општината продолжува да создава поинклузивна образовна средина во која секое дете ќе има еднаква можност за учење, развој и учество.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.