Општина Центар: Најавено четвртото издание на „Нешто што ќе остане“ со голем музички концерт по повод јубилејот од 50 години постоење
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 03 Септември 2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави одржување на четвртото издание на музичката манифестација „Нешто што ќе остане“, која оваа година има посебно значење поради одбележувањето на јубилејот – 50 години Општина Центар.
Настанот ќе се одржи на 12 септември, со почеток во 20:00 часот, во Паркот на Франкофонија.
За добрата атмосфера и забавата за сите генерации ќе се погрижат познатите македонски изведувачи Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона.
Герасимовски истакна дека локалната самоуправа продолжува со силна поддршка за македонската музика и домашните артисти, обезбедувајќи им сцена за промоција на автентични вредности, при што ги покани сите граѓани на заедничка прослава.
Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













