Општина Центар: Утре отворање на ликовната изложба „Центарски улици 4“ во КСП Центар-Јадро

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави дека утре, 3 септември, со почеток во 19:00 часот во КСП Центар-Јадро ќе биде свечено отворена групната изложба насловена „Центарски улици 4“.

 

На настанот ќе бидат изложени ликовни дела создадени од студентите по ликовна уметност од АУЕ ФОН, кои настанаа во живо на улицата Македонија за време на одбележувањето на Светскиот ден на уметноста.

 

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во креативните творби што ја преточуваат динамичната енергија, луѓето и урбаната инспирација од градските сокаци во уметнички слики.

 

Ова го пренесува градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.