Учениците од ООУ „Киро Глигоров“ учебната година ќе ја започнат онлајн

Учебната година за учениците од 4. до 9. одделение во ООУ „Киро Глигоров“ ќе започне со настава од далечина, поради градежните активности што сè уште се одвиваат во училиштето.

 

Наставата онлајн ќе се реализира привремено, согласно согласноста од Министерството за образование и наука, сè до создавање безбедни услови за враќање на учениците во училишните клупи.

 

Од Општина Центар велат дека безбедноста на учениците е приоритет и дека е важно наставата да започне навреме, без дополнително одложување.

 

Од Министерството е побарана информација за рокот и динамиката на завршување на градежните работи.

 

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, очекува активностите да бидат завршени во најкус можен рок, со цел учениците што побрзо да продолжат со редовна настава во училиштето.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig?locale=mk_MK





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.