Дел од Центар денеска без вода поради дефект

Дел од корисниците на ул. „Мирче Ацев“ и ул. „Мирче Мацан“ денеска ќе останат без вода поради дефект на приклучна цевка, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето е планиран од 08:30 часот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на санацијата на дефектот.

Од претпријатието ги известуваат корисниците од овие улици за прекинот и се извинуваат за настанатите непријатности.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.