Општина Центар: Петта година по ред бесплатни ранци за сите првачиња по повод почетокот на новата учебна година

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека локалната самоуправа и оваа година ја продолжува воспоставената традиција со доделување бесплатни ранци за секое прваче.

 

Оваа мерка, која се реализира веќе петта година по ред, има за цел да им пружи симболична и практична поддршка на најмладите ученици и нивните семејства во пресрет на нивниот прв и најважен чекор во образовниот систем.

 

Градоначалникот истакна дека првиот училишен ден е голем и возбудлив момент во животот на секое дете, поради што Општината традиционално се грижи тој ден да биде исполнет со радост.

 

Во својата порака, тој им посака на сите првачиња среќен и успешен почеток, многу нови другарчиња, убави моменти и одлични резултати во училишните клупи.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.