Општина Центар: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, градоначалникот Герасимовски повикува на активна вклученост на граѓаните

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека од 13 август до 14 септември 2026 година започнува јавната анкета за Нацрт-деталниот урбанистички план (ДУП) за локацијата „Барутана“.

 

Со отворањето на овој процес, локалната самоуправа овозможува граѓаните директно да се вклучат и да ги достават своите предлози, мислења и забелешки во врска со идниот развој и уредување на овој дел од општината.

 

Како што е соопштено, анкетните листови можат да се пополнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во ООУ „Кочо Рацин“, како и електронски преку официјалните веб-страници www.centar.gov.mk и www.e-urbanizam.mk.

 

За дополнително запознавање на јавноста со планските решенија, јавната презентација е закажана за 3 септември во 12:00 часот во просториите на Општина Центар.

 

Градоначалникот Герасимовски нагласи дека важните одлуки за развојот на урбаната средина мора да се носат заедно со жителите.

 

Тој ги повика сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста, активно да учествуваат во јавната анкета и со своите идеи да помогнат во креирањето на најдоброто и најфункционално решенија за „Барутана“.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.