Продолжуваат теренските акции и инфо-штандовите кај „Буњаковец“ за заштита на граѓаните од топлотниот бран
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 07 Август 2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека акциските тимови и во текот на денешниот ден поставија инфо-штанд на фреквентното пазарче „Буњаковец“, со цел да се пружи директна поддршка и помош на граѓаните во услови на актуелниот топлотен бран.
Во рамките на теренските активности, граѓаните имаа можност да добијат корисни препораки за заштита од високите температури, да направат бесплатна проверка на крвниот притисок, како и да се освежат со бесплатна вода која се делеше на повеќе пунктови низ општината.
Градоначалникот упати голема благодарност до волонтерите од Црвениот крст и организацијата ХЕРА за нивната беспрекорна соработка, хуманост и секојдневна посветеност на терен.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













