Интензивно миење и разладување на улиците и јавните површини за време на високите температури во Општина Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 06 Август 2026
Како одговор на актуелните високи летни температури и топлотниот бран, Општина Центар продолжува со секојдневни теренски активности за разладување и одржување на јавните површини.
На повеќе локации низ општината се ангажирани специјални цистерни кои вршат темелно миење и прскање на коловозите, тротоарите и пешачките плочници со цел намалување на температурата на асфалтот и обезбедување попријатна животна средина.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, нагласи дека овие мерки за хигиена и освежување на јавните простори се преземаат секојдневно.
Со овие акции локалната самоуправа се стреми да придонесе кон почисти, посвежи и побезбедни услови за движење на сите граѓани во текот на најтоплите денови од годината.
Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













