Општина Центар: Хуманитарни акции и инфо-штандови на терен за заштита на граѓаните од актуелниот топлотен бран
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 06 Август 2026
Во услови на засилен топлотен бран кој ја зафати државата, Општина Центар во соработка со општинскиот Црвен крст и организацијата ХЕРА реализира теренски активности за поддршка на населението.
На фреквентните локации низ општината поставени се инфо-штандови, каде што на граѓаните им се нудат бесплатни основни здравствени проверки, меѓу кои мерење на крвен притисок, како и делење освежителна вода на автобуските постојки.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека здравјето и безбедноста на жителите се врвен приоритет за локалната самоуправа.
Општината продолжува континуирано да ги следи препораките и насоките од релевантните здравствени институции, преземајќи навремени мерки за заштита, особено на постарите и поранливите категории граѓани во овие топли летни денови.
Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













