Општина Центар: Ново современа библиотека-медијатека во ООУ „11 Октомври“ од септември

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека од месец септември Основното училиште „11 Октомври“ ќе добие нов, современ простор целосно наменет за библиотека-медијатека.

 

Ова ново катче е дизајнирано да претставува инспиративна средина за учење, читање и развивање на трајна љубов кон книгите кај учениците.

 

Просторот ќе биде опремен со интерактивен панел, компјутери и стабилна интернет конекција, што овозможува спојување на традиционалниот пристап со современите дигитални алатки за учење.

 

Покрај богатиот книжен фонд, на располагање на учениците ќе им бидат ставени и специјализирани енциклопедии, стручни прирачници, речници, како и актуелни дневни весници и списанија.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.