Општина Центар: Нови инвестиции и инфраструктурни зафати во образовните и детските установи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека започнало целосното отстранување и заменување на стариот потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“, кој бил стар 25 години, со нов и безбеден потпорен систем.

 

Паралелно со овој зафат, локалната самоуправа реализира и низа други капитални проекти во образовниот сектор, меѓу кои се изградбата на нова енергетски ефикасна фасада во ООУ „Кирил и Методиј“, подготовките за изградба на нови спортски сали во ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Гоце Делчев“, како и тековните санации во ООУ „Димитар Миладинов“, со што се потврдува континуираната грижа за подобрување на условите во училиштата и градинките.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.