Центар обезбедува финансиска помош за граѓаните и правните лица погодени од невремето
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 29 Јули 2026
Општина Центар објави јавен повик за доделување еднократна парична помош за граѓани и правни лица кои претрпеа материјални штети од силното невреме што ја зафати општината на 21 јули 2026 година.
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека право на финансиска поддршка имаат физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на Општина Центар, а претрпеле оштетувања на кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни станбени објекти.
Од општината посочуваат дека заинтересираните граѓани и компании можат да ги најдат сите информации за условите, потребната документација и начинот на поднесување барања преку официјалната веб-страница на Општина Центар.
Со оваа мерка, локалната самоуправа има за цел да им помогне на засегнатите жители и субјекти во надминување на последиците од невремето и санирање на настанатите штети.
Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













