Општина Центар донесе правилник за финансиска помош, градоначалникот Горан Герасимовски и советниците донираат во солидарниот фонд
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 24 Јули 2026
Советниците на Општина Центар го усвоија Предлог-правилникот за доделување еднократна финансиска помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во неодамнешното силно невреме.
Покрај институционалната поддршка, градоначалникот Горан Герасимовски донесе одлука лично да донира во солидарниот фонд и ги повика сите советници да го следат неговиот пример.
Герасимовски нагласи дека во вакви моменти на искушение најважно е да се покаже единство, одговорност и директна грижа за сограѓаните, истакнувајќи дека граѓаните остануваат негов најголем приоритет.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













