Општина Центар: Заврши јавниот повик за субвенции за велосипеди и е-велосипеди

Општина Центар соопшти дека се исцрпени средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и електрични велосипеди, поради што јавниот повик повеќе не е активен.

 

По објавувањето на известувањето нема да се примаат нови барања во општинската архива.

 

Повикот беше отворен на 29 април 2026 година и се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, сè до трошење на средствата обезбедени во општинскиот буџет.

 

За програмата „Цел Центар на точак“ годинава беа издвоени вкупно 600.000 денари.

 

Од Општина Центар потсетуваат дека продолжува јавниот повик за субвенционирање на дополнителна велосипедска опрема.

 

Граѓаните и натаму можат да аплицираат за финансиска поддршка при набавка на детски седишта и заштитни кациги, сè до исцрпување на расположливите средства, но најдоцна до 1 декември 2026 година.

 

За оваа мерка се покриваат 30 проценти од трошоците за набавка, во максимален износ до 1.000 денари.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски оцени дека големиот интерес за субвенциите е потврда дека сè повеќе граѓани се определуваат за одржлива урбана мобилност и еколошки начини на превоз.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.