Герасимовски: Екипите и денес остануваат на терен за расчистување на штетите од невремето

Општина Центар продолжува со интензивно расчистување на последиците од силното невреме, откако општинските служби работеа до доцните ноќни часови, а активностите продолжија уште од рано утринава.

 

По невремето веднаш беше активиран Општинскиот штаб за заштита и спасување, кој ги координираше интервенциите на најпогодените локации.

 

Во текот на ноќта беа расчистени повеќе делови од Капиштец, Дебар Маало, населбата Пролет, просторот околу Соборниот храм и Буњаковец, како и други места каде што беа евидентирани паднати дрвја, оштетувања и ризици за безбедноста на граѓаните.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека сите расположливи екипи остануваат ангажирани сè додека не се отстранат опасностите и не се нормализира состојбата.

 

Тој им се заблагодари на службите за нивната посветеност, како и на граѓаните за трпението и навременото пријавување на проблемите.

 

Од Општина Центар повторно апелираат жителите да ги пријавуваат сите паднати дрвја, оштетувања на инфраструктурата и други опасни ситуации на телефонските броеви 075 219 068 и 076 350 767, со цел службите да интервенираат што е можно побрзо.

 

Воедно, од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните, каде што имаат можност, да помогнат во расчистувањето на дворовите и просторот пред своите домови, за побрзо надминување на последиците од невремето.

 

Активностите на терен продолжуваат и денес, согласно приоритетите и пристигнатите пријави, сè до целосно санирање на штетите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.