Интензивни летни акции во Центар: Расчистени депонии околу контејнерите, кабаст отпад и уредени зелени површини
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 21 Јули 2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека во рамките на летните активности се спроведуваат засилени акциски чистења на јавните површини, со особен фокус на фреквентните локации и угостителските реони како Дебар Маало и Буњаковец, каде се чисти просторот околу контејнерите.
Паралелно со комуналното уредување, теренските служби работат на косење на зелените површини во училишните дворови и на други јавни локации.
Во текот на акциските собирања на кабаст отпад, големи количини отпад се отстранети од просторот кај поранешното КТК, на улицата „Елисие Поповски“, како и во реонот околу Француската резиденција.
Градоначалникот Герасимовски упати апел до граѓаните за максимално одговорно однесување во услови на високи температури, потсетувајќи дека зачувувањето на хигиената и чистотата во општина Центар е заедничка грижа на сите.
Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













