Центар продолжува со субвенциите за возачка дозвола, досега поддржани 71 младо лице
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 21 Јули 2026
Општина Центар ги повика младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање на возачки испит за Б-категорија, информирајќи дека досега се исплатени 71 субвенција во вкупна вредност од околу 710.000 денари.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека за мерката се обезбедени средства до крајот на годината и нагласи дека таа претставува финансиска поддршка за младите, но и придонес за поголема безбедност во сообраќајот.
Според него, целта е младите навремено да поминат квалитетна обука и одговорно да пристапат кон управувањето со моторни возила.
Право на еднократна субвенција од 10.000 денари имаат лицата родени во 2007 и 2008 година.
За аплицирање потребно е да достават барање, копија од лична карта, трансакциска сметка, доказ за уплата во автошкола и потврда дека автошколата е регистрирана на територијата на Општина Центар.
Од годинава е овозможено средствата, по барање, да бидат исплатени и на сметка на родител.
Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, во барака број 6, секој работен ден од 9 до 15 часот. Повикот ќе биде отворен до исцрпување на предвидените средства, а најдоцна до 31 декември 2026 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













