Нов центар за лица со попреченост во Центар: Општината воведува дневен престој и индивидуални третмани за децата

Општина Центар презема конкретни чекори за подобрување на социјалната заштита преку отворање на нов Центар за дневен престој и индивидуален третман за лица со попреченост.

 

Проектот се реализира во партнерство со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, а е поддржан од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светската банка, со цел да се обезбеди стручна помош за децата во општина каде само во основните училишта се евидентирани 107 ученици со попреченост.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека со потпишувањето на договорот со здружението се воспоставува рамка за трајна и квалитетна психосоцијална поддршка.

 

Со оглед на тоа што голем број семејства досега немале пристап до бесплатни специјализирани услуги и биле принудени да се потпираат на приватни решенија, новиот центар треба да понуди системска грижа и подобра социјална интеграција на младите.

 

Во периодот што следи предвидено е адаптирање на просториите, набавка на неопходната опрема и формирање стручен тим, додека мапирањето на идните корисници ќе се врши во соработка со образовните институции и Центарот за социјална работа.

 

Според утврдената динамика, новиот центар се очекува да започне со работа на почетокот на 2027 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.