Девет јавни чешмички во Центар се во функција, се обновува чешмата на „Орце Николов“

Општина Центар информира дека девет од вкупно 11 јавни чешмички што се под нејзина надлежност се целосно функционални, додека на преостанатите две се изведуваат санациски работи.

 

Во тек е поставување нова јавна чешмичка на улицата „Орце Николов“, на местото на старата која подолг период не беше во употреба поради дефект и ризик од поплавување на околниот простор.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека приоритет на општината во летниот период е граѓаните да имаат пристап до вода за пиење, паралелно со редовното одржување на зелените површини и јавната хигиена.

 

Тој посочи дека дел од старите чешмички се заменети со нови иноксни модели, а во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ се поставени и водомери за нивно непречено функционирање.

 

Во рамки на досегашните активности, Општина Центар замени седум стари јавни чешмички со нови, изработени од инокс и со современ изглед.

 

Од општината додаваат дека редовно се одржуваат и системите за автоматско наводнување, при што сите дефекти што се појавуваат се санираат од надлежните служби.

 

За одржување и поправка на оваа инфраструктура годинава се предвидени три милиони денари, а досега се реализирани исплати во износ од 998.752 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.