Герасимовски: Бесплатниот училишен оброк во Центар ќе се воведува постепено, целта останува целосна субвенција

Советот на Општина Центар ја усвои измената на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува реализацијата на мерката за бесплатен училишен оброк за учениците кои посетуваат целодневна настава.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека мерката ќе се спроведува во фази, при што во преодниот период до 2028 година родителите ќе добиваат делумна финансиска поддршка во висина од 1.000 денари.

 

По завршувањето на овој период, Општина Центар планира преку јавна набавка да избере еден оператор и да премине кон целосно субвенционирање на оброците за учениците.

 

Герасимовски нагласи дека ветувањето за обезбедување бесплатен оброк останува приоритет, но дека фазната реализација е потребна поради постојните договорни обврски и избегнување дополнителни трошоци и правни последици за општината.

 

„Ова е најсигурниот начин мерката да се реализира одржливо и без ризици, со крајна цел сите ученици во целодневна настава да добијат бесплатна храна“, посочи градоначалникот.

 

Од Општина Центар велат дека со овој пристап се обезбедува постепено воведување на мерката и создавање услови за нејзино целосно функционирање во иднина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.