Центар чекор поблиску до едносменска настава во сите основни училишта
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 14 Јули 2026
Советот на Општина Центар ја усвои одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на Основното општинско училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, со што се отвора патот за проширување на капацитетите на училиштето и целосно воведување едносменска настава во општината.
Со доградбата ќе се обезбедат дополнителни училници и подобри услови за учениците и наставниот кадар, а наставата во училиштето ќе може да се организира исклучиво во една смена.
Со реализацијата на проектот, сите основни училишта на територијата на Општина Центар ќе преминат на едносменски модел на работа.
Градоначалникот Горан Герасимовски оцени дека станува збор за значаен чекор во унапредувањето на образованието, истакнувајќи дека со зголемувањето на капацитетите се исполнува едно од клучните ветувања на локалната власт и се создаваат поквалитетни услови за учење и подобра организација на наставниот процес.
Од Општина Центар наведуваат дека продолжуваат со инвестиции во образовната инфраструктура, со цел учениците да добијат современи, безбедни и функционални училишни услови.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













