„Даме Груев“ се уредува: нови зелени површини, урбана опрема и простор за рекреација во Центар

Општина Центар ја започна реализацијата на првата фаза од проектот за уредување на улицата „Даме Груев“, со кој ќе се обноват јавните површини на потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од „Македонија“ до Собранието.

 

Проектот предвидува партерно и хортикултурно уредување, со цел просторот да стане поуреден, пофункционален и попривлечен за граѓаните.

 

Во оваа фаза се поставуваат нови клупи и корпи за отпадоци, а предвидена е и изградба на детско игралиште и современа фитнес-зона на отворено.

 

Со овие содржини, жителите и посетителите ќе добијат дополнителни можности за рекреација, одмор и дружење.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека уредувањето на јавните простори е меѓу клучните приоритети на Општина Центар.

 

Според него, со новите зелени површини и урбаната опрема се создаваат поквалитетни услови за престој на отворено, а општината ќе продолжи да вложува во проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот на граѓаните.

 

Со реализацијата на оваа фаза, Општина Центар продолжува со модернизација на јавната инфраструктура и создавање безбедни, функционални и уредени јавни простори што одговараат на потребите на локалното население.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.