Иницијатива за ограничување на мобилните телефони во осумте основни училишта во Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 07 Септември 2026
Костовски најавува дека предлогот официјално ќе го достави до Советот на Општина Бутел и до училишните одбори, со очекување мерката да добие поддршка и да биде применета во училиштата на територијата на општината.
Според градоначалникот, целта на иницијативата е учениците за време на часовите да бидат повеќе насочени кон наставата, наставниците и меѓусебната комуникација, наместо кон мобилните уреди.
Костовски посочува дека предлогот не претставува спротивставување на технологијата, туку обид да се создадат подобри услови за учење и поголема концентрација во текот на наставниот процес.
„Помалку екран. Повеќе внимание. Подобро образование“, порача градоначалникот на Бутел.
Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













